Хуманитарниот леден предизвик однесе една жртва

Во неделата 18-годишиот Камерон Ланкастер  прифаќајки го ледениот предизвик скокнал од карпа во вештачко езеро и се удавил.

Сведоците тврдат дека и претходно младите скокале од таа карпа, но сега тоа го правеле се повеќе деца.

Младиот Камерон најверојатно умрел од срцев удар веднаш штом ладната вода го допрела неговото тело.

Неговите родители изјавиле дека Камерон имал многу пријатели и на многу луѓе ќе им недостасува.

Алид Мек Гери, која живеела во близина на местото на несреќата рекла дека  Камерон скокнал во студената вода само поради ледениот предизвик и дека видела видео на кое пред една недела друго младо момче скока од карпата за да го исполни 24-часовниот хуманитарен предизвик.