Хуманите луѓе се приклучија во хуманитарната акција на Канал 5

Првите хумани граѓани веќе пристигнаа во нашата телевизија. Одвоиле она што имаат за да покажат дека во тешките моменти сите сме заедно. Дојдете и вие и покажете ја својата хуманост за жителите во поплавените подрачја, пишува Канал5.

Пензионерките од Кисела Вода вчерашниот ден го поминале во акција, пазарувале средства за хигиена, вода, облека за да ја донираат во Канал 5 по повод хуманитарната акција организирана од телевизијата за сите поплавени подрачја во Македонија. Први денеска пред 10 часот стигнаа да ги донесат производите. Пред само еден месец преку нивното здружение биле на посета на убавите предели, што денеска се под вода. Жалат и не веруваат дека местата каде што шетале сега се под вода.

65 годишната Милка од дете е хуманитарец, до минатата година дарувала крв, а сега е само волонтер во Црвениот Крст се што можам ќе помогнам. Корените ми се од Штип и сакам да помогнам, раскажа Милка.

Хуманитарната акција трае цел ден, секој кој сака да донира средства за хигиена, вода и не расипливи производи. Исто така за донација се отворени телефонските линии на сите оператори на бројот 143 400.