Хумелс: Имаше договор да не го понижиме Бразил

Репрезентативецот на Германија, Матс Хумелс откри дека за време на паузата помеѓу двете полувремиња од полуфиналниот дуел против селекцијата на Бразил, паднало договор, противникот да не биде дополнително понижен, но и концентрацијата да биде на највисоко можно ниво и во вторите 45 минути.

Популарните “паници” водеа со убедливи 5:0 на крајот од првото полувреме, а до крајот од натпреварот, избраниците на Јоаким Лев постигнаа уште два погодока.
“Само разјаснуваме дека мора да останеме сконцентрирани и да се обидеме да не ги понижиме. Рековме дека мора да останеме сериозни и да ја задржме концентрацијата на полувреме”, изјави дефанзивецот на Борусија од Дортмунд.