Хумелс лут на Лев зошто играле премногу офанзивно

Актуелниот светски шампион Германија со пораз го почна Мундијалот во Русија откако Мексико победи со 1:0 во натпреварот по кој штоперот на „панцерите“, Матс Хумелс истакна дека не разбираа зошто тимот одиграл премногу офанзивно.

Мексиканците во 35. минута искористија една од многуте контранапади и освоија три големи бода, предизвикувајќи разочарување во кампот на Германија.

Заслужено изгубивме, не разбирам зошто игравме вака. Слично беше на подготвителниот натпревар со Саудиска Арабија, но Мексико е многу потежок противник”. Кога во нападот играат седум или осум играчи, тоа влијае на стабилноста на одбраната. Имаше моменти кога само јас и Боатенг го браневме голот, рече Хумелс, давајќи на знаење што мисли за тактиката на селекторот Јоаким Лев.

Од друга страна,пак, Лев остана оптимист и рече дека неговиот тим сигурно ќе биде во вториот круг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.