ХУНГАРИКУМ – Модел за пласман на националните производи

 

Сојуз на стопански комори на Македонија  во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Министерството за земјоделство на Унгарија, организира конференција на која пред домашните компании беше презентиран „Хунгарикум“ – систем кој ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги.

„Целта на денешната конференцијата  е да се презентираат позитивните примери и да се направи размена на искуства како и бизнис соработка помеѓу Унгарските и Македонските компании, кога станува збор за промоција на традиционалните производи и услуги на домашниот и на меѓународниот пазар како национален бренд. Заедничката иницијатива за конференцијата произлегува од веќе воспоставените активности на Сојузот во насока на промоција на македонските компании кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и успешно го промовираат македонскиот квалитет на домашниот и странските пазари“, изјави Александар Зарков, оперативен директор на ССК и додаде дека ова е одлична можност за да креираме додадена вредност, да ги искористиме искуствата и заеднички да настапуваме и на трети пазари.

Заменик државниот секретар во Министерството за земјоделство на Унгарија Лоранд Иштван Сакали, истакна дека под Хунгарикум спаѓаат 60 унгарски национални вредности, специфични производи, но и значајни личности кои оставиле свој печат во историјата на Унгарија.

На конференцијата свое обраќање имаше и Амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Дукс, кој ја потенцира добрата соработка меѓу двете земји и напредокот на политичките и економските односи.

Ервин Сел, економски советник во Амбасадата на Унгарија во Македонија рече дека според Унгарскиот завод за статистика во 2014 и во 2015 година е достигнат максимумот на трговската размена меѓу двете земји.

„Позитивниот тренд продолжува и оваа година, така унгарскиот извоз порасна за 20%, а македонскиот за повеќе од 160%. Сметаме дека соработката може да биде уште поуспешна, преку дирекни инвестиции, заеднички проекти, размена на информации и заеднички настап на трети пазари“, изјави Сел.

На годишно ниво, трговската размена помеѓу Македонија и Унгарија, во зависност од годината се движи околу 100 милиони евра, а годинава веќе во првите 8 месеци е остварено ова ниво на трговска размена, со потенцијал за понатамошно унапредување.

Денешната конференција е како резултат на успешната заедничката соработка на Сојуз на стопански комори на Македонија и Амбасадата на Унгарија во Македонија. Соработката помеѓу бизнис заедниците на овие две земји ќе продолжи и во иднина во насока на зголемување на трговската

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.