Хунтелар сака да се проба и во англиската Премиер лига

Најголемата ѕвезда во дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, репрезентативецот на Холандија, Клас Јан Хунтелар, потврди дека би немал ништо против доколку својата богата кариера ја продолжи во англиската Премиер лига.

“Имам договор со Шалке до крајот на следната сезона, но конечната одлука околу мојата иднина ќе ја донесам за време на следниот зимски преоден рок. Нормално дека ми се допаѓа идеата да играм во англиската Премниер лига. Често го замислувам тој трансфер. Сепак, моето внимание целосно е фокусирано на Шалке и на пролетниот дел од актуелната сезона во германската Бундес лига. Норамлно дека мислам и на 1/8 финалниот дуел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони”, изјави холандскиот интернационалец.