Хуриет: Турци дел од командниот состав на ИДИЛ

Во џихадистичката Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ) има двајца турски команданти, утврдило турското разузнавање, пишува Хуриет.

Минатиот месец анкарското обвинителство почна истрага за киднапирањето на турските граѓани од страна на ИДИЛ. Како главен осомничен во истрагата е посочен лидерот на организацијата Абу Бакр ал Багдади. Освен тоа било утврдено дека двајца турски граѓани, идентификувани како Исмет А. од Анкара и Мурат Г. од Коња се дел од командниот состав во камповите за обука на ИДИЛ.

Обвинителството побара од разузнавачката агенција МИТ и Министерството за надворешни работи да ги истражат врските на ИДИЛ во Турција и да го проучат раководството на групацијата.

Во рамки на истрагата ќе бидат сослушани и сведочењата на 32-цата турски возачи, кои беа киднапирани од ИДИЛ и ослободени на почетокот на овој месец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.