Hyundai и Kia пред повлекување на 240.000 возила

Јужнокорејската влада им наложи на тамошните производители на автомобили „Hyundai“ и „Kia“ да повлечат 240.000 автомобили, по инфромациите коишто ги добила од еден потшепнувач.

Поранешниот вработен во компанијата „Hyundai“, инженерот Ким Гванг-хо, ја поттикна загриженоста известувајќи за грешки во производството, кои опфаќаат 12 различни модели автомобили. Ова е првпат владата на Јужна Кореја да нареди задолжително повлекување на возила.

Имено, од „Hyundai и од „Kia“ одбиле доброволно да постапат по налогот, велејќи дека кој и да е проблем кој постоел не ја загрозил безбедноста на луѓето. Инаку, „Kia“ е филијала на „Hyundai“, а претставниците на компанијата барале од државниот обвинител да пронајде каков и да е доказ за прикривање на недостатоците на автомобилите.

Меѓу спорните модели е и семејната лимузина со ознака „i30“ на „Hyundai“, моделот со средна големина „Sonata“ и луксузниот „Genesis“, додека кај „Kia“ спорен е моделот „Mohave“, како и комбето „Carnival“. Кај овие, и уште некои други модели, утврдени се проблеми со вакуумските цевки, цревата за гориво, сопирачките за паркирање, како и уште неколку неисправни делови.

Планираното задолжително повлекување се надоврзува на количеството од 1,5 милиони автомоили чијашто поправка „Hyundai“ и „Kia“ ја понудија претходно во април во Јужна Кореја и во САД, поради можно забавување на моторот.