И Бубо Каров на платен список на Заев

Бубо Каров  од денеска е надворешен советник на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

– Неговото искуство со медиумите и во јавните настапи, ќе биде од особен придонес во работата на Секторот за комуникации и односи со јавноста во Владата на Република Македонија, посочиле од Владата, за „Курир“.

Инаку, Бубо Каров беше еден од критичарите на претходната власт, беше дел од протестите против Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а држеше говори и пред Македонската Радио Телевизија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.