И четвртата „бомба“ на Заев не стресе ништо

Лидерот на опозициската СДСМ денеска ја објави четвртата „бомба“, која не предизвика никакви „тектонски поместувања“, како што беше најавувано.

Тој објави шест разговори меѓу кои на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протугер, разговор помеѓу Јанкулоска и нејзиниот помошник Иво Котески, како и помеѓу нејзе и директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Исто така објавени беа објавени разговори помеѓу Мијалков и уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас, како и разговор меѓу Латас и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Воедно за прв пат, Заев објави телефонски разговор помеѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и премиерот Никола Груевски.

Иако пред секоја прес – конференција, Заев најавува дека Македонија преку овие разговори конечно ќе ја дознае вистината за наводниот криминал на оваа власт, по секоја бомба тој го покажува спротивното – и овој пат никаков криминал и незаконски дејствија не беа прикажани меѓу соговорниците.

Заев на последната прес конференција посочи дека прислушкувани биле повеќе од 100 новинари, а еден од најприслушуваните е и сопственикот на неделникот Фокус, покојниот Никола Младенов.

Иако лидерот на СДСМ упорно тврди дека материјалите се добиени од извори во УБК, а нивен наречател се Мијалков и Груевски, останува отворено нелогичното прашање зошто некој би наредил да се снима самиот себеси.