И цивили во полицискиот кордон ги тепаа граѓаните на протестот пред Собрание

Повеќе од петнаесет лица, меѓу кои универзитетски професори, актери и новинари се повредени во бруталната акција на полицијата кон демонстрантите кои во неделата вечерта пред Собранието на Република Македонија протестираа против потпишвуање на договорот за промена на името.

Уште на самиот почеток од протестот дел од медиумите објавија дека уфрлени провокатори се обидоа да исценираат инцидент на протестот пред Собранието.

На пример, едно лице со качулка му се приближи на репортерот на еден од медиумите кои настаните ги пренесуваа во живо, веднаш по почетокот на преносот во живо, во напад кој изгледаше како инструиран и претходно нарачан, имајќи предвид дека тајмингот на нападот беше речиси веднаш по стартот на преносот во живо.

Покрај тоа, според тврдењата на присутни на протестот, одредени лица кои првично биле дел од протестантите, потоа можеле да се забележат во полицискиот кордон, без потребната опрема на себе, облечени во цивилна облека. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали вечерва се случи свесно насилно сценарио?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.