Магазин

И да немаш точак, придружи се!

И да немаш точак, придружи се!

„Критична маса“ по 24-ти пат ќе се одржи в среда. Група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно ќе возат по улиците на главниот  град, со цел да го направат градот подобро велосипедско место. Нема раководство, нанастанот може да учествува кој сака.

Како и секогаш, Критична маса се одржува последната среда од месецот, а овојпат ќе се започне во 17.30 часот кај катна гаража „Св.Кирил и Методиј“ (Јужен Булевар), а ќе се заврши кај МКЦ.

Секоја критична маса има одредена тема, овој пат тема е „И да немаш точак, придружи се!“
Се работи за системот за изнајмување на велосипеди за кој би сакале да ги информираме граѓаните малку повеќе.