И Дејвис откажа – на негово место ќе игра Новицки

Првата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис и дефинитвно го откажа учеството на “ол-стар” мечот во Њујорк, откако реши дека ќе му биде потребно време да закрепне од повредата на рамото, со која се здоби на дуелот против Чикаго, кога при едно забивање во противнапад падна директно на раката.

Ѕвездата на Далас е дури четврта замена на овогодинешниот собир на ѕвездите во НБА лигата затоа што претходно поради повреда од учество се откажаа Коби Брајант, Блејк Грифин и Двејн Вејд, наместо кои ќе играат Демаркус Казинс, Демиан Лилард и Кајл Корвер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.