вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

И Дембеле си заминува од Вардар…

Најавениот егзодус на ракометарки од <strong>ЖРК Вардар</strong> ќе се оствари откако денеска управата на македонскиот првак обелодени дека соработката со Сираба Дембеле нема да се продолжи, па француската интернационалка на крајот од сезонава ќе ги напушти "вардарки".

И Дембеле си заминува си заминува од Вардар...

И Дембеле си заминува си заминува од Вардар...

Поврзани вести

ЖРК Вардар и понудил на Дембеле продолжување на соработката, но следел негативен одговор од страна на ракометарката.

И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи, изјави директорот Давор Стојановски за официјалната веб-страница на ЖРК Вардар.

Дембеле дојде во Вардар во 2013 година и како дел од екипата двапати настапуваше на Ф4 турнирите од Лигата на шампионите во Будмпешта каде “црвено-црните” двапати го освојуваа третото место. Минатата сезона беше избрана и како дел од идеалната седморка во Лигата на шампионите.

Потврдата за заминувањето на Дембеле доаѓа неполн месец по најавите дека голем дел ракометарки на “црвено-црните” на крајот на сезонава ќе го напуштат клубот.

Најчитани вести