И денес топло со температура до 23 степени

И денес топло со температура до 23 степени. Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 19 до 23 степени.

И денес топло со температура до 23 степени
И денес топло со температура до 23 степени

Во Скопје слично време, сончево и топло. Ќе дува умерен јужен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степени.

Утре облачно и пад на темепартурата за шест степени

Во четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во западните делови од земјава, а дневната температура на воздухот ќе опадне за околу шест степени. Потоа, ќе преовладува стабилно и релативно топло време, освен во сабота навечер кога ќе има услови за локален дожд.