И денес високи температури, почитувајте ги препораките

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност, а повторно не очекуваат високи температури, затоа неопходно е граѓаните да се придржуваат до препораките издадени од пред неколку дена.

Според најавите на метеоролозите попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР.

Инаку, сеуште се на сила препораките од Министерството за здравство издадени откако Македонија беше зафатена со високи температури, кои што ја означуваат жолтата (алертна) фаза.

Бремените и хронично болните се ослободени од работа, а се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.

 

Еве кон кои препораки треба да се придржувате и во текот на денешниот ден.