И денеска мешани цените на нафтата

Цените на нафтата денеска биле различни, во време кога се очекува резервирте на тој енергенс во САД да забележат пораст, додека трговците го очекуваат следниот потег на американските Федерални резерви.

Еден барел американска „лесна“ нафта за терминска испорака во март на Трговската берза во Њујорк поевтини за 19 центи на 97,22 долари за барел, додека истата количина на нафтата од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинеше 107,44 долари, односно три центи повеќе на крајот вчерашното тргување.

Официјалниот извештај за резервите ќе биде објавен денеска, а нивниот раст ќе укаже на послабата побарувачка во најголемата светска економија и најголем потрошувач на нафта, што ќе ги собори цените на „црното злато“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.