И денеска натпросечно топло

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои во целата земја ќе надминуваат 30, а долж Повардарието и 35 Целзиусови степени

Ваквите метеоролшки услови ќе се задржа во следните неколку денови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси локално да бидат и поинтензивни, особено во текот на понеделникот.

Во Скопската котлина можен е локален пороен дожд со грмежи.

Од среда времето ќе биде сончево и натаму многу топло со пораст на дневната температура на воздухот, која се очекува да достигне и до 40 Целзиусови степени во јужниот дел на Повардарието.