И денеска неколку скопски улици без вода

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица Xo Ши Мин, денеска од девет часот па се’ до завршување на реконструкцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Краишка и Натанаил Кучевишки.

Поради реконструкција на водоводна мрежа на улица Jајце од 09,30 часот па се до завршување на реконструкцијата без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица.

Поради дефект на водоводна мрежа профил Ф-80 милиметри на улица Мајаковски од 09,30 часот па се’ до санирање на дефектот без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица.