И денска ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира крстосници во Скопје

Во знак на револт од, како што го нарекуваат, партискиот реваншизам и политички притисок врз членството на партијата, ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести и блокади на повеќе крстосници во главниот град.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во периодот од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“, крстосницата меѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во општина Карпош, и крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно партијата ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска во 18 часот, каде што се најавен повеќе обраќања пред присутните.