Македонија

И десничари и левичари и либерали и конзервативци со осуда за заканите на Заев и вмешаноста на странски тајни служби во прислушувањето

И десничари и левичари и либерали и конзервативци со осуда за заканите на Заев и вмешаноста на странски тајни служби во прислушувањето

И десничари и левичари и либерали и конзервативци ги осудија заканите на лидерот на опозицијата Зоран Заев и вмешаноста на странски тајни служби во прислушувањето. Писмената декларација за осуда на обидот на недемократско преземање на власта во Македонија ја потпишаа и десничари и левичари и либерали и конзервативци. На писмената декларација се потпишани и пратенции од Европската народна партија каде што припаѓа ВМРО ДПМНЕ, но и пратенци од Социјалистите каде што припаѓа СДСМ. На истата се потпишани и пратеници од групата на АЛДЕ – Алијанса на либерали и демократи на Европа која ги обединува партиите од политичкиот центар, како и пратенци од групата на Европски конзеравтивци која ги обединува целосно десните партии кои се подесно на политичкиот спектар од Европската народна партија. Ова покажува силна порака во осудата на однесувањето на Зоран Заев како и силна осуда на вмешаноста на странски тајни служби во нелегалното прислушување, пишува Република.

Исто така тежината на оние кои застанаа зад оваа писмена декларација за осуда на обидот за недемократско преземање на власта во Македонија е огромна.

1

Така Аксел Фишер е еден од највлијателните пратеници на германската владејачка CDU и Претседател на Германската парламентарна делагација во ПС на Совет на Европа која воедно е најголема делегација. Веднаш до него е Карин Стренц исто така од  Германската парламентарна делагација која е на врвни позиции во CDU. Силна подршка доаѓа и од истокот на Европа, така Сергеј Соболиев е претседател на пратеничката група за татковината на Јулија Тимошенко во Украинската Рада, а Володимир Ариев е Претседател на Украинската парламентарна делагација во ПС на Совет на Европа доаѓа од блокот на Претседателот петро Порошенко. Ова се пратеници кои припаѓаат на Европската народна партија (ЕНП), а ги предводи Педро Аграмунт кој е претседател на ЕНП во ПС на Совет на Европа, еден од највлијателните шпански сенатори кој на последните избори освоил 746 илјади гласа најмногу во историјата кои еден сенатор ги освоил. Него го следи и Тиери Маријани кој е  потпретседател на ЕНП во ПС на Совет на Европа, но и потпретседател на партијата UMP на Никола Саркози која победи на овонеделните локални избори во Франција.

2

Веднаш до нив е Аркадио Дијаз Тежера од Социјалистичката партија на Шпанија потпретседател на Социјалистичката група во ПС на Совет на Европа, еден од највлијателните социјалисти во ПС на Совет на Европа следен од уште еден социјалист Жерардо Гиованголи од Сан Марино, кој меѓу другото е член на најзначајниот комитет во ПС на Совет на Европа Мониторинг Комитетот.

На нив се надоврзуваат потписите на влијателниот белгиски сенатор Ален Детекс кој бил меѓудругото и претседател на познатата Меѓународна кризна група, а доаѓа од групата на АЛДЕ- Алијанса на либерали и демократи на Европа во исто време е и потпретседател на Белгиската делегација во ПС на Совет на Европа, следен од Кристина Зеленикова исто така член на групата на АЛДЕ, која доаѓа од Чешката република и е потпретседател на партијата АНО центристичка партија од Чешката Република.

3

На групите на ЕНП, Социјалисти и АЛДЕ се надоврзува и групата на Европски козервативци ( ЕК) каде своите потписи ги ставија Реха Денемеч Претседател на Турската парламентарна делагација во ПС на Совет на Европа, како и потпретседател на ПС на Совет на Европа. Основач е на АК партијата на Реџеп Таип Ердоган и Потпретседател на истата. Него го следи Хермине Нагдалјан исто така од групата на ЕК и Потопретседател на Националното Собрание на Ерменија. Од групата на ЕК е и влијателната пратеничка од Азербеџан Сахиба Гафарова.

4

Следуваат и потписите на Жан Клод Мињон Претседател на ПС на Совет на Европа од 2012 до 2014г, еден од највлијателните француски политичари. Аугустин Конде од владејачката Народна партија од Шпанија, како и Дебора Беграмини од Италија која пред да влезе во политиката била во Блумберг Европа како и директор на италијанската национална телевизија РАИ.

Тука се и влијателниот Еркан Сулејманов од Азербеџан, Кимо Саси од Финска потпретседател на ЕНП во ПС на Совет на Европа, Александра Џуровиќ Претседател на Српската парламентарна делагација во ПС на Совет на Европа, како и Фрањо Матушиќ од ХДЗ од Хрватска, како и Гиорги Канделаки од Грузија од Обединетото националниот движење на Михаел Шаакашвили.

Сите овие врвни европски политичари од сите 4 политички групи од 15 земји од сите страни на Европа само покажуваат колку е силна порака и осудата кон постапките на Зоран Заев како и кон вмешаноста на странски тајни служби во прислушувањето, а во исто време потврда дека парламентарните избори во Македонија беа фер и слободни и подршка за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.