Спорт

И Дрогба замина преку „барата“ – потпиша со Монтреал

И Дрогба замина преку „барата“ – потпиша со Монтреал
Дрогба продолжува во МЛС лигата, ќе им се придружи на Пирло, Лампард, Кака, Џерард..

Корпулентниот напаѓач потпиша договор со Монтреал Импакт, а за трансферот стигна потврда и на официјалниот сајт на клубот.

Ова е еден од најголемите успеси за нашиот клуб. Дидие Дрогба е наш нов член. Уште од самиот старт на разговорите почувствував дека сака да игра за нас, изјави претседателот на клубот, Џои Сапуто.

Иако менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо му понуди работа како негов асистент, сепак Дрогба не беше спремен да ги закачи копачките, па им се придружи на останатите ѕвезди од неговата генерација кои веќе заминаа во МЛС лигата – Андреа Пирло, Давид Вилја, Стивен Џерард, Френк Лампард, Рикардо Кака…