И двата избегани волци се застрелани

И вториот волк кој вчера побегна од зоолошката градина во Битола е застрелан, потврди доцна синоќа за Тера Телевизија директорот на градината.

„ Волкот дефинитивно е ликвидиран, се вратил во живеалиштетот, но повторно се обидел да бега па мораше да го застрелаат“ рече Нешовски.

Првиот како што попладнево објавивме беше застралан во обидот да избега од живеалиштето, каде што биле сместени вкупно четири волци. Двата кои не побегнале, ги префрлиле во кафез заради безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.