Спорт

И ЕХФ удри по Металург

И ЕХФ удри по Металург

Македонскиот ракометен шампион Металург се најде на удар на дисциплинската комисија на Европската куќа на ракометот – ЕХФ.

Покрај големите проблемот што ги има клубот, како финансиски, така и во односот меѓу играчите, тренерот Лино Червар и сопственикот Минчо Јорданов, сега дополнителни главоболки е и дисциплинската постапка што ЕХФ ја покрена против младата ракометна надеж на Македонија, Филип Талески.

Металург на претстојниот меч од ракометната Лига на шампиони против ПСЖ најверојатно нема да може да смета на Талески, бидејќи ЕХФ ги става „под лупа“ случувањата во финишот од мечот со Ла Риоха.

Македонскиот репрезентативец Талески, иако млад, пред самиот крајот од мечот постапи многу итро и застана точно на центарот од теренот со што не им дозволи на играчите од шпанскиот клуб да тргнат во напад по триумфалниот погодок на Наумче Мојсовски. Во тие моменти голот на Металург беше празен бидејќи македонскиот тим имаше исклучен играч, па наместо голманот, во игра со „маркер“ на себе беше Велко Маркоски. По овој потег, Талески бил заведен во судскиот записник и засега најверојатно е дека тој ќе заработи од неиграње на еден натпревар.

Filip-Taleski1