И „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Русија

Американската агенција „Фич“ ги намали изгледите на кредитниот рејтинг на Русија од стабилни на негативни, се наведува во соопштението на таа институција.

Претходно, и „Стандард и Пурс“ ги намали „негативните“ изгледи за Русија поради ризиците поврзани со западните санкции кон Москва по присоединувањето на Крим.

Промената на изгледите значи дека агенцијата наскоро би можела да ги намали кредитните оценки на Русија која сега е BBB, што им одговара на земјите со среден квалитет на рејтинг, но која може на соодветен начин да ги исполни своите обврски.