И Џани Инфантино вмешан во аферата „Панама“?

Името на новиот претседател на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино се најде во документите објавени во аферата „Панама“.

Инфантино потпишал договор со двајца бизнисмени што во објавените документи се обвинети за давање мито.

Уго и Маријано Хингикс  ги откупиле правата за „Лигата на шампиони“ и веднаш ги продале за три пати поголема сума, а договорот од 2006-тата година го потпишал Инфантино што тогаш бил директор на Европската фудбалска унија (УЕФА).

УЕФА првобитно негираше дека имала било каква поврзаност со 14-те лица што Федералното истражно биро (ФБИ) ги обвини за корупција во светот на фудбалот.

Како што пренесува „б92“, повикувајќи се на „Би Би Си“ телевизиските права биле продадени на најдобриот понудувач на отворен тендер.

Еден од високите претставници на ФИФА рече дека тој договор би требало да биде испитан од страна на Етичкиот комитет на владејачкото тело во светот на фудбалот.

Инфантино кој застана на челото на ФИФА на 26-ти февруари годинава, истака дека е запрепастен што постои сомнеж во неговиот идентитет.