И Иран ќе ја нападне ИД

Ако оваа терористичка група дојде во близина на нашите граници, ние ќе ја нападнеме длабоко на ирачка територија и нема да дозволиме да ѝ пријде на нашата граница.

Ова во саботата го изјавил командантот на копнените сили генералот Ахмад Реза Пурдестана, пренесува официјалната новинска агенција ИРНА.

Иран ѝ е близок сојузник на шиитската влада на Ирак инна изненадување на сите, ја прифати американската воена акција во Ирак против џихадистите.

Иран ги поддржа и ирачката влада и ирачките курдски сили во борбата против милитантите и испрати оружје и воени советници.