Балкан

И Кипар нема да воведе санкции против Русија?

И Кипар нема да воведе санкции против Русија?

Кипарскиот Парламент ја повика Владата на земјата да не се приклучи кон санкциите против Русија, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Пратениците усвоија резолуција која содржи повик кон извршната власт да се воздржи од какви било дејства, вклучувајќи ги и оние во рамките на меѓународните организации, што можат да им наштетат на односите на Кипар со Русија. Во неа се истакнува дека со превземањето на било какви дејствија против руската држава можат да се влошат односите меѓу двете земји, а Русија секогаш го поддржувала Кипар во критичните моменти во неговата историја.