Македонија

И Македонци меѓу заболените на брод во САД

И Македонци меѓу заболените на брод во САД

На туристичкиот брод на компанијата „Ројал Карибиен“, каде што заболеа приближно 700 патници и членови на екипажот, имало и Македонци, Срби, Црногорци, Хрвати и Босанци, пишува telegraf.mk.

Според информациите на порталот присутните од Балканов биле со работни договори на бродот, а работеле на различни позиции, кувари, инженери и друго.

Вирусот направил вистински хаос на бродот, а симптомите биле неконтролирано повраќање и дијареја. Како што за Телеграф раскажа еден српски државјанин кој работел на „Морски истражувач“, тој ден вистински хаос, а на бродот се ширела неподнослива смрдеа.

„Лошо беше за тие што го фатија вирусот, беше гадно и гнасно, но за среќа брзо се исчисти. Моравме да носиме маски и да се изолираме од заболените, за да не настане дополнителен хаос ако и останатите го фатат вирусот. Но, за среќа брзо го исчистија бродот и се вративме на пристаништето два дена порано од планираното,“ вели Србинот, кој сакаше да остане анонимен, за да не ја загрози неговата работна позиција.

Тој потврди дека на бродот има и Македонци кои работат, но за среќа не биле меѓу заболените.

„Има Македонци, Срби, Хрвати, исто така и од Црна Гора и од Босна и Херцеговина, но колку што успеав да ги видам и контактирам, тие не се меѓу оние што го фатија вирусот. Работиме на различни позиции и немаме многу време за да се видиме. Додека крстариме сите работиме со полна пареа,“ вели тој.