Македонија

И Македонците без бугараски пасош потребни за работа во Европа

И Македонците без бугараски пасош потребни за работа во Европа

Конечно, Македонците без бугарски пасош можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија, пишува ЗаСе. Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

Ова е веб страната за работа во Германија: www.jobboerse.arbeitsagentur.de

Ова се дефицитарните кадри во овие земји:

Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца

Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор

Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.