И македонски судии на Мундијалот во Катар

За потребите на СП во Катар, каде ќе се одиграат вкупно 88 мундијалски средби, делегирани се 18 судиски двојки од 18 држави.

Македонија ќе биде застапена со судиската двојка Ѓорѓи Начевски/Славе Николов, кои се редовни учесници на големите ракометни собири.

Покрај нашиот судиски пар, во Доха ќе судат и нам добро познатите Матија Губица/Борис Милошевиќ (Хрватска), Ненад Николиќ/Душан Стојковиќ (Србија), Ненад Крстиќ/Петар Љубиќ (Словенија), Вацлав Хорачек/Јиржи Новотни (Чешка), Мартин Гединг/Мадс Хансен (Данска), Миндаугас Гателис/Ваидас Мажејка (Литванија), Оскар Лопез/Ангел Рамирез (Шпанија) и Ларс Гејпел/Маркус Хелбиг (Германија).