И Малта, по Австрија, ја спушти возраста за гласачко право на 16 години

Малтешкиот парламент едногласно со сите 64 пратеници ја усвои одлуката возраста со којашто може да се оствари избирачкото право да се спушти од 18 на 16 години.

Малта стана втората земја во Европската унија, по Австрија, којашто ја снизи старосната граница за гласање, со што следната година на европските избори првпат можност за гласање ќе добијат и 16 и 17-годишниците.

„Парламентот едногласно ги прифати амандманите на уставот. Повторно испишавме историја“, изјави премиерот Џозеф Мускат на Twitter.

Двете главни политички партии се согласија да ја намалат возраста, но таа иницијатива ја немаше целосната поддршка од јавноста.

На пример, универзитетскиот студентски совет беше против тоа бидејќи сметаше дека актуелниот образовен систем не ги подготвувам младите во доволна мера за излегување на избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.