Спорт

И Милан и Рома заслужија повеќе од еден бод

И Милан и Рома заслужија повеќе од еден бод

Без победник, 2:2, заврши последниот натпревар од 16. коло во италијанската Серија А, дуелот на “Сан Сиро” помеѓу големите ривали, Милан и Рома.

Тимот на Рома и понатаму е единствениот кој е непоразен во новата сезона, но избраниците на Руди Гарсија сега имаат пет бода побалку во споредба со актуелниот лидер на табелата, екипата на Јувентус.

„Мислам дека ова е добар резултат. Можевме скапо да го платиме ремито со Ајакс. Интересен натпревар за фудбалските фанови, но не и за нас кои бевме на клупата за резервни фудбалери. Мислам дека можевме да одиграме подобро после израмнувачкиот погодок на Запата, но направивме неколку грешки кои моравме да ги избегнеме”, изјави по натпреварот предводникот на „росонерите”, Масимилиано Алегри.