И Монтоливо му сврти грб на Сидорф

Рикардо Монтоливо, капитенот на италијанскиот калчо гигант Милан, изјави дека клупските челници со право ја прекинале соработката со холандскиот стручњак, Кларенс Сидорф.

„Со Сидорф како тренер, Милан ја немаше потребната хармонија. Немаше хармонија помеѓу фудбалерите. Клупските челници донесоа вистинска одлука, ја прекинаа соработака со Сидорф за доброто на Милан. Инзаги е одлично решение за тренерската клупа. Со нетрпение го очекува стартот на подготовките за новата сезона. Ја има потребната енергија, ги има вистинските идеи. Сите сме со него, ја има потребната подршка”, изјави Монтоливо.