И на Машински факултет се учи енергетика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски мораше да му објасни на Зоран Заев дека и на Машинскиот факултет се изучува енергетика, откако премиерот даде забелешка за неговото познавањето на економијата.
Мицкоскиму порача на Заев дека дискутира на тема која што, не само што не ја познава туку дава и погрешни податоци.

Претходно премиерот не ја знаеше точно цената на електричната енергија, па Мицкоски му посочи дека не сака да му ја кажува неговата лекција по економија, бидејќи сигурно ќе падне на испит.

Ако ова е лекцијата, ќе паднам на испит. Фала, не сакам. Господине Заев две грешки направивте. Ниту тогаш била 43, ниту сега е 38. А имате еден од најблиските соработници, можеше да ве подготви подобро за цената на електричната енергија. Најдобро знае тој и тогаш и сега, а таа е непроменета околу 41 производната цена и тогаш и сега бидејќи регулаторниот период трае една година. Така да, не е возможно да се промени, иако сега со овој еден ипол процент кој што барате, се обидувате пред граѓаните да кажете , а нема да ви дадат, нагласи Мицкоски.