И на свадбите во Франција има залутани смртоносни куршуми

Деветнаесет годишна девојка гостинка на свадба во близина на Валенсиен (Северна Франција) загина откако беше погодена од залутан куршум, јавува дописникот на МИА од Париз.

Жртвата, на возраст од околу 19 години била поканета на свадбата на еден млад пар од Марли, каде допатувала од југот на Франција. По интервенцијата на спасувачките екипи и пренесувањето во болницата, незјината смрт беше потврдена од обвинителот на Валенсиен, Франсоа Перан.

– Девојката беше застрелан во главата од страна на залутан ловечки куршум”, изјави Фабиан Тиеме, градоначалникот на Марли, видно шокиран од настанот.

Јавниот обвинител Франсоа Перан, контактиран од страна на весникот “Ле Паризиен”, рече истрелот дошол од автомобил кој бил во истата поворка, покрај прославата на една друга свадба во истовреме, што можеше да предизвика конфузија.

Жртвата била поканета како “изненадување“ за младиот брачен пар рече градоначалникот. Невестата била околу педесетина метри од местото од каде што било стрелано. Наводниот ракувач со оружјето е маж на околу 27 години, по потекло од блискиот град Денан и тој веднаш бил уапсен.

Возачот на автомобилот, на возраст од 26 години, тврди дека е “најдобриот пријател на младоженецот”.  Според обвинителот, тој со себе носел ловечка пушка со цел да стрела во воздухот за да создаде „амбиент“.

Во Франција не се практикува често, традицијата на истрели за време на свдабените поворки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.