И на втората свадба Јоксимовиќ во син костум

Жењко Јоксимовиќ морал да бара Српската православна црква да му го поништи првиот брак со сопругата Весна на која и се заколна на вечна љубов пред Бога пред 19 години.

Како што пишува српски Курир, тој прво морал да поденесе молба до свештените лица во црквата во Ваљево, а која потоа е проследена на разгледување на црквениот собир кој треба да одлучи дали ќе го поништи бракот.

„Според црковните обичаи, брак повторно може да се случи, но за тоа е потребно посебно одобрени од црквениот одбор. Затоа Жељко и Јована чекаа дури досега да си ги кажат брачните завети и да се заколнат на вечна љубов пред Бога. Ретки се случаите црквата да одбие нечија молба“, велат соговорникот за Курир.

Инаку, сликата на Јоксимовиќ од црковното венчавање со првата сопруга излезе во јавност пред неколку години, а најмногу коментари предизвика прочуеното сино одело кое во таа прилика го носел пејачот. Тоа на Жељко тогаш изгледало како буквално да види на него и да е два броја поголемо. Очигледно овој пат пејачот обрнал поголемо внимание на својот изглед, па на церемонијата со Јована повторно носел сино-цер костум кој овојпар совршено му прилегал. Но, ни овој пат не ја изоставил машната пеперутка.

jovana-joksimovic-zeljko-joksimovic-marina-lopicic-1410822165-568805