И Најчевска немилосрдно удри по Заев и СДСМ

Еден од најголемите критичари на поранешниот премиер Никола Груевски и истовремено подржувач на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, професорката и активистка, Мирјана Најчевска се огласи по денешното изгласување на измените на Изборниот законик без учество на опозицијата. Таа на својот Фејсбук профил директно му порача на Заев што мисли за последниот потег на власта.

Доаѓа време за многу чувствителен референдум во кој се бара висока демократска свест на граѓаните и визија за иднината. Одеднаш ти текнува дека не може да го спроведеш референдумот затоа што немаш изборна комисија. На недемократски начин го менуваш законот затоа што самиот си се спикал во ќорсокак и “немаш избор“. Им велиш на граѓаните: овој недемократски акт е направен со цел остварување на демократијата.
Ма мора да си или многу глуп или …, не можам да си замислам ништо друго, вели Најчевска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.