И најмладиот Манасков пристигна помеѓу “црвено-црните”

И Мартин Манасков пристигна во Вардар - се комплетираше семејството

Тој пред еден месец доби раскин на договорот со Металург, а неговата следна дестинација беше повеќе од јасна. Најмладиот Манасков премина во Вардар каде неговиот татко, Пепи е тренер а каде од следната сезона ќе настапува и неговиот постар брат, Дејан.

Вардар Јуниор е вториот тим на Вардар, и сезонава првпат ќе играат во најсилната Супер лига во домашното првенство.

Во Вардар Јуниор се собрани дел од најперспективните ракометари, засилени со неколку поискусни играчи, чија цел ќе биде сезонава да се вмешаат во борбата за место во плеј офот, односно регуларниот дел од сезоната да го завршат на едно од првите четири места. Покрај перспективните играчи, во клубот се и “искусните” Чаневски, Недановски, Јовчевски кои имаат играно и во првиот тим на Вардар.