И наставниците на протест со учениците за поквалитетно образование

И наставниците заедно со учениците в недела ќе излезат на мирен протест пред Министерството за образование и наука, за поквалитетни решенија и унапредување на образовниот процес.

Од Наставничкиот пленум истакнуваат  дека проблемите се долгогодишни,  а казните и наградите од екстерното оценување и лошите реформи во образованието, го рушат дигнитетот на оваа професија. Според нив екстерно тестирање е штетено за учениците, а не смее да биде и единствен инструмент со кој ќе се вреднува работата на наставникот. Се бараат новите решенија кои ќе произлезат врз основа на темелна анализа на состојбите во образованието и отворање широка јавна дебата во која ќе земат учество сите релевантни стручни кадри, особено практичари од основното и средното образование. Според наставничкииот пленум Државната матура треба да се укине и да се воведе  приемен испит на самите факултети, за да се  избегнат бројни недоследности и нерамноправниот  пристап кон матурантите во делот на задолжителни и изборни предмети како дел од државната матура. А, оценките од екстерното  тестирање на учениците не смеат да влијаат врз успехот на учениците и да го оштетат ученикот на било кој начин бидејќи   не се валиден и веродостоен показател на знаењата кои ја чинат годишната оценка