И Нетпрес е Шарли

Денес е ден на национална жалост во Франција, но и ден на жалост во целиот свет.

Причина е злосторството кое го сторија подмолни убијци, кои во Париз упаднаа во новинарска редкацијата и убија 12 лица. Убија новинари, карикатуристи, вработени во сатиричниот весник „Шарли Ебдо“ и полицајци.

– Шарли Ебдо ја отелотворува во Франција слободата на изразување на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градење на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежот, хуморот се израз на една фундаментално право, слобода на мислење.

Напаѓајќи го Шарли Ебдо поради неговите ставови, напаѓачите сакаат да не заплашат, да ја замрзнат нашата мисла за да ја напуштиме денес идејата за слобода и утре идејата за демократија. Ние не го прифаќаме тоа варварство, ние никогаш нема да потклекнеме пред нетолеранцијата, пред тероризмот. Насекаде во светот, Француските граѓани и сите носители на демократијата го креваат својот глас за тоа да го искажат, соопшти француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.

Редакцијата на Нетпрес изразува искрено сочувство за трагедијата, за загубените човечки животи и се приклучува кон акцијата „И јас сум Шарли“.

jassumcharlie

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.