И норвешки пратеници го номинираа Трамп за Нобеловата награда за мир

Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобеловата награда за мир за следната 2019 година, открија во средата два норвешки пратеници, наведувајќи ја како причини за тоа историскиот самит со северникорејскиот челник Ким Џпнг-ун.

„Она што се случува е историски. Започнат е процес кој може да придонесе за осигурување на светскиот мир на одредено време“, изјави за норвешката телевизија NRK Пер-Вили Амундсен, пратеник на Прогресивната партија кој го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп заедно со својот колега Кристијан Туибринг-Гјед.

Група американски пратеници неодамна откри дека, исто така, го номинирале Трамп за Нобеловата награда за мир.

Норвешкиот комитет за доделување на Нобеловите награди претходно оваа година објави дека за наградите во 2018 година примил 329 номинации, што е втор најголем број на номинации во историјата, Комитетот оние коишто ги предлагаат кандидатите ги советува да не ги откриваат своите предлози, но не постои официјално правило против тоа. Инаку, според традицијата сите номинации стануваат достапни за јавноста по 50 години.

Право на номинација за овој Нобел имаат политичари, академици, поранешни лауреати на признанието, директори на институти за мировни студии и актуелни и идни членови на Комитетот.

Минатогодишното признание, меѓу ретките доделени на организација, му беше доделено на ICAN, меѓународното здружение за целосно отстранување на нукеларното оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.