Свет

И новинарите на „Le Canard Enchaine“ под терористичка закана

И новинарите на „Le Canard Enchaine“ под терористичка закана

Францускиот сатиричен весник „Le Canard Enchaine“ примил закана дека сега е неговиот ред и тоа по само еден ден од масакрот во редакцијата на „Шарли Ебдо“. После заканата француската полиција го засили обезбедувањето на весникот, јавуваат француските медиуми.

– Вие сте на ред – се вели во пораката во која се појаснува дека новинарите ќе бидат распарчени со секира.

Неделникот ги прими заканите на 8 јануари, ден по нападот на редакцијата на „Шарли Ебдо“ кога беа убиени 12 карикатуристи, новинари и соработници.