Свет

И официјално Крим се присоедини со Русија

И официјално Крим се присоедини со Русија

Советот на Федерацијата во Русија едногласно го ратификуваше договорот за усвојување на Крим во составот на Руската Федерација, пренесе „ИТАР-ТАСС“. За одобрување на документот гласаа сите 155 членови на горниот дом на рускиот парламент.

Договорот беше потпишан на 18 март од претседателот на Русија, Владимир Путин, премиерот на Република Крим, Сергеј Аксонов и градоначалникот на Севастопол, Алексеј Чалин.

Жителите на Крим, преку референдум што се одржа на 16 март одлучија да се присоединат со Руската Федерација.