И официјално заврши сонот дека Скопје ќе биде дел од ЕУРО 2020

Финалето и полуфиналето на Европското првенство во фудбал во 2020 година ќе се играат на стадионот Вембли во Лондон, реши денеска Европската фудбалска федерација УЕФА во Женева.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат во Минхен, Баку, Санкт Петербург и Рим, а овие градови ќе бидат и домаина на по три мечеви од групната фаза на првенството. Осминафиналните натпревари ќе се играат во Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Глазгов, Билбао, Будимпешта и Брисел.

УЕФА од 19 пријавени градови избра 13, а од конкуренцијата испаднаа Скопје, Софија, Минск, Ерусалим, Кардиф и Стокхолм.