И Охрид на листата за згради и населби за мигрантите, започнува кампања за подготовка на граѓаните

Владата на Зоран Заев веројатно и туристичкиот бисер Охрид го ставила на листата за згради и населби за мигрантите, НВО блиски до СДСМ и Сорос почнуваат платена кампања и изложба за да се подготват граѓаните со реклами.

Имено, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД од Скопје во соработка со Претставништвото на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации (УНХЦР) во Скопје, во текот на месец август 2017 година планираат да реализираат низа активности во Охрид насочени кон информирање и подигнување на јавната свест за бегалците.

Во тие рамки, една од предвидените активности е реализирање на тридневна едукативна изложба, во периодот од 24 до 26 август,која се состои од 15 изложни паноа со фотографии.Изложбата ќе биде поставена во центарот на Охрид, на фреквентна локација, и истата ќе биде придружувана од одговорно лице и лице за обезбедување. Другата предвидена активност се социјални активности кои треба да произлезат од младите учесници, а се со цел информирање иподигнување на јавната свест за бегалците.

Дополнително, проектот планира за реализацијата на овие активности хонорарно да ангажира млади невработени лица од Охридсо цел да придонесе кон олеснување на проблемот со невработеноста и да им пружи работно искуство на овие лица.
Младите кои ќе бидат ангажирани за активностите ќе треба да поминат тродневна обука која ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 август.

Обуката има за цел да ги подготви младите лица за спроведување на активностите и да ги прошири знаењата на оваа тема.

!Сметаме дека планиранате активности, не само што ќе ја подигнат свеста за бегалците, туку и ќе ја афирмираат заложбата на нашата држава и нејзините граѓани за помош и солидарност со бегалци, како во минатото, така и денес“, се вели во огласот.

НВО проектите се подготовка на граѓаните за изградба на згради и населби за мигрантите, со нивно трајно згрижување преку вработување, државјанства, школарини, субвенционирање на кредити и фирми на бегалците.

Доколку се истражат Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Центарот за истражување, образование и развој – Центар РЕД, ќе се види дека двете организации имаат заеднички проекти со фондацијата „Отворено општество“.

Дополнително, докажаната соросова активистка која постојано искажува навреди кон македонскиот народ, Мирјана Најчевска е Раководителка на Центар за цовекови права и разрешување конфликти.

На официјалниот сајт на Центарот може да се види дека партнери се АДИ Гостивар (Алберт Муслиу), МТСП со кое раководи на министерката Царовска од СДСМ, Хелсиншки комитет на Уранија Пировска која од завчера е советник на Заев и други организации блиски до СДСМ и Сорос.