И опозициските експерти обвинуваат, СДСМ со црна кампања место програма за граѓаните

И опозициските експерти обвинуваат, СДСМ со црна кампања место програма за граѓаните
И опозициските експерти обвинуваат, СДСМ со црна кампања место програма за граѓаните

СДСМ со бомби, црна кампања, обвинувања, креирања на тензии и вештачки кризи не може да го следи темпото на ВМРО-ДПМНЕ кое е насочено кон реализација на проекти и комуникација со граѓаните. Затворени во партијата тие на секој начин гледаат да ги одржат овие теми колку и тоа да е веќе банално и надминато. Занимавањето со овие теми е резултат на немањето на капацитет и одбивањето на СДСМ да се занимава со реални теми, проекти, програми она што е од реална потреба за граѓаните.

Во пресрет на претстојните парламентарни избори во април 2016 година, паралелно со објавената анкета на реномираниот американски републикански институт ИРИ според која ВМРО-ДПМНЕ ужива двојно поголема поддршка од граѓаните наспроти СДСМ, се погласни се и тврдењата од страна на опозициските експерти дека СДСМ го нема капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ и дека опозицијата неможе да го следи темпото кои го има наметнато владејачката партија.

Еден од опозициски експерти, Петар Арсовски, кој е редовен гостин на опозициските медиуми и медиумите под контрола на Сорос,  потенцира дека СДСМ нема капацитет да го следи темпото на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Курир.

-Што се однесува до опозицијата, овој период ќе биде обележан со повеќе активности, вклучувајќи од септември, оваа година. Тие и неможат да го следат темпото ниту го имаат капацитетот на ВМРО-ДПМНЕ,  вели Арсовски.

Со оваа изјава, опозицискиот експерт Арсовски јасно става на знаење на целокупната македонска јавност дека СДСМ нема капацитет и дека не поседува сериозна политичка понуда.

За непоседувањето на сериозна политичка понуда и немањето на програма и концепт со кој СДСМ би излегол пред граѓаните, пред извесен период исто така за опозициската Телма говореше и новинарот Васко Ефтов, според кој СДСМ и Заев продаваат илузии на граѓаните а Заев со неговото однесување се однесува како давеник во море.

СДСМ нема што друго да прави, и Заев во моментов, освен да продава илузии дека сигурно победува и дека ова ќе ја скрши Владата на Никола Груевски. Бидејќи сега знаете тој се наоѓа како во море, има толку отппливано од брегот што неможе да се врати на брегот, вели Ефтов.

Овие изјави на Арсовски и Ефтов се само дел од мноштвото на изјави дадени од страна на експерти блиски до СДСМ и новинари, а кои јасно говорат за моменталната мат позиција во која се наоѓа опозициската партија.

Со ова уште еднаш само се потврдува дека СДСМ во состојба на  безидејност, недостаток од програма, проекти и кадровски потенцијал и капацитет, се обидува преку дворски игри, местенки и продавање на лаги и манипулации да се обиде да го подобри својот слаб рејтинг.

Стратегијата што СДСМ предводена од Заев и Шекеринска ја спроведува во овој период е погубна за самата СДСМ и членството на СДСМ, од причина што целокупната експертска јавност е согласна дека сите изминати изборни циклуси, претставуваа јасен доказ дека граѓаните во Република Македонија својата поддршка ја даваат за идеи и проекти а не за продавање илузии, местенки и создавање кризни ситуации.  Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од македонските граѓани наспроти поддршката за СДСМ.

Заев наместо меѓу народот продолжи со неговата салонска политика и црна кампања. Меѓу другото, познавачите на опозицијата и состојбите таму тврдат дека тоа е резултат и на стравот кај СДСМ од слабиот одзив на граѓаните при нивни теренски активности, што пак не е случај при активностите кај владеачката ВМРО ДПМНЕ кои се проследени со многу народ и одобрување при промовирање и реализација на теренските проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.