И оваа недела нема ниту дожд ниту снег: Стабилно, суво и сончево време

И во следните денови во нашата земја ќе преовладува сончево, стабилно и суво време, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

За утре, метеоролозите најавуваат претежно сончево време, а температурите ќе се движат од три степени во Маврово до 11 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до шестиот степен.

Во следните денови, исто така, ќе преовладува сончево време со максимална дневна околу 15-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.