И по Крузеиро повторно – Крузеиро

Крузеиро втора година по ред стигна до титулата во шампионатот на Бразил, откако синоќа славеше над Гоиас со 2:1.

Со оваа победа уште на две кола пред крајот Крузеиро направи недостижна предност пред останатите конкуренти, па фудбалерите веднаш по конечниот свиреж на судијата започнаа да ја слават четвртата титула во историјата на клубот.

Пред околу 60.000 навивачи на Минеирао стадионот, Крузеиро со головите на Гуларта и Рибеира стигна до клучната победа. Крузеиро е прв тим од 2008 година кој врзал две титули во Бразил, а најуспешен тим во државата откако во 2003 година беше воведен нов систем на натпреварување.