И покрај поразот, Кожув одличен против Партизан

Денеска македонскиот кошаркарски клуб Кожув во подготвителен меѓународен натпревар иако загуби со 80:74 на гостувањето кај Партизан, даде достоен силен отпор на дуелот со белградскиот гигант.

Иако Кожув на стартот ја презеде иницијативата и стигна до предност од 0:5, сепак Партизан успеа да се консолидира и да заводи со 12:8 за на крај првата четвртина да заврши 20:17.

Во наредниот период се играше динамична и интересна кошарка во која резултатот варираше од нерешено до седум поени предност за Партизан за на крај полувремето да заврши 44:37. Третиот период се играше израмнето, а тоа го покажува и самиот резултат со четвртина која заврши 17:17. Последниот период Кожув продолжи со агресивна и брза игра која резултираше со подобра резултатски одиграна четвртина во која погодија 20 поени додека домаќинот уфрли 19 кошеви.

Исто така за нагласување на денешната средба е тимскиот дух во која секој од играчите даде свој придонес за вака впечатливиот настап на Кожув. Така Миладин Пековиќ уфрли 19 поени од кои пет погодени тројки. Кораќ Никола постигна 13 поени и подели седум асистенции, додека Владимир Брчков постигна 11 поени, четири скокови и две блокади.
Партизан НИС (Србија) – Кожув (Македонија) 80:74 (20:17, 24:20, 17:17, 19:20)

Сала: „Пионир“. Гледачи: 300. Судии: Мажиќ, Миловановиќ, Мрдак (Белград).

Партизан НИС: Аранитовиќ 8, Јовановиќ, Кузелоглу, Лончаревиќ, Маринковиќ 10, Дало 5, Гагиќ 16, Бојаниќ, Андриќ 2, Милутиновиќ 8, Миковиќ 12, Безбрадица 2, Богдановиќ 3, Шалиќ 14.

Кожув: Апостоли, Кораќ 13, Јањушевиќ, Шепа 7, Албијаниќ 8, Ивеља 8, Делев, Гоцевски, Пековиќ 19, Богоев 8, Брчков 11, Јованов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.